Top Sport

Милан го позајми Родригез на ПСВ Ајндховен

Милан се договори да го прати швајцарскиот бек Рикардо Родригез на позајмица во холандскиот ПСВ Ајндховен, откако претходно најавените договори за постојан трансфер во Фенербахче пропаднаа.

Родригез доаѓа во ПСВ за 2 милиони евра позајмица со опција за купување од 4 милиони евра. Тој пристигна на „Сан Сиро“ летото 2017 година и имаше 93 настапи за Милан во сите натпреварувања со четири гола и пет асистенции.

Оваа сезона, сепак, тој го загуби местото во стартните 11 од Французинот Тео Ернандез, кој пристигна од Мадрид во јули. 27-годишниот Родригез има 71 настапи а швајцарската репрезентација.

Scroll to Top