Новинарот на „Атлетик“ Шемс Чаранија, кој секогаше е сигурен извор на информации, ги објави имињата на резервите што ќе бидат дел од Ол-стар натпреварот во Чикаго на 16 февруари.
Пред една недела беа објавени стартните петорки на Истокот (Адетокумбо, Јанг, Вокер, Сијакам и Ембид) и Западот (Дончиќ, Харден, Џејмс, Дејвис, Ленард).
Резерви на Западот ќе бидат Никола Јокиќ (Денвер), Демијан Лилард (Портланд), Донован Мичел (Јута), Руди Гобер (Јута), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Расел Вестбрук (Хјустон) и Крис Пол (Оклахома).
Резерви на Истокот се: Џуми Батлер (Мајами), Кајл Лаури (Торонто), Бен Симонс (Филаделфија), Крис Мидлтон (Милвоки), Џејсон Тејтун (Бостон), Бем Адебајо (Мајами), Домантас Сабонис (Индијана).
Синот на легендарниот Арвидас Сабонис, Домантас ќе дебитира на натпреварот на сите ѕвезди, додека Јокиќ втор пат ќе учествува на овој натпревар.
Инаку слично како и минатата година екипите ќе ги бираат играчите што добија најмногу гласови од публиката, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо. Овие дваја ќе ги изберат соиграчите за ол-стар натпреварот.