Top Sport

Милан и Аталанта бракаат гол негатива во реваншите против Феенорд и Бриж

Вечерва ќе ги добиеме првите четири победници од плеј-офот во Лигата на шампионите кои ќе се пласираат во осминафиналето.

Сите четири натпревари одиграни минатата среда завршија со минимална разлика, што значи дека реваншите треба да донесат многу возбудувања.

Вечерта ја отвора можеби најинтересната двојка, барем според имињата, Милан ќе го пречека Феенорд.

Феенорд го доби првиот натпревар со 1:0, поради што се очекува жестока битка на „Сан Сиро“.

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао се уште ги воведува во системот засилувањата во зимскиот преоден рок, меѓу ко е поранешниот голгетер на Феенорд, Сантијаго Хименез.

Медиумите шпекулираат дека тројката во нападот ќе ја сочинуваат Леао, Хименез и Жоао Феликс, што значи дека тренерот ќе ја смни фирмацијата и ќе заигра 4-3-3, каде во средниот ред би играл Муса заедно со Фофана и Реиндерс.

Единствената дилема на тренерот на Феенорд, Паскал Боскарт е дали ќе игра од почетокот јужнокореецот Хванг. Со него на теренот редот за врска на Феенорд има поголема стабилност.

Уште еден италијански тим ќе бара пресврт на домашен терен против тим од зоната „Бенелукс“.

Аталанта пред шест дена беше поразена во Бриж со 2:1, со гол од пенал во четвртата минута од судиското надополнување.

Џан Пјеро Гасперини, минатиот викенд против Каљари (0:0) одмори неколку клучни играчи, меѓу кои Берат Џимсити, Едерсон, Мартин де Рон, Давиде Запакоста и Шарл де Кателере.

Покрај тоа, за реваншот ќе биде подготвен Адемола Лукман, како и искусниот дефанзивец Сеад Колашинац.

За разлика од Италијанците, Бенфика и Баерн ќе бранат минимални гостински предности на своите терени.

Вангелис Павлидис уште еднаш беше херој за Бенфика, кој пропушти голема шанса да го реши овој двомеч уште во Монако.

„Направивме чекор, но тоа не е доволен. Знаеме дека Монако ќе биде подготвен. Мораме да останеме фокусирани“, изјави Павлидис за реваншот.

Монако нема пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите од 2017 година, но тренерот Ади Хитер одбива да се откаже предвреме.

„Не сме среќни, но ни претстои реванш на кој ќе одиграме најдобро што можеме. Тоа е тежок предизвик, но треба да верувате, а кога верувате, се е можно“, изјави Хитер пред мечот во Лисабон.

Најблиску до рутински реванш беше Баерн, но Баварците му дозволија на Селтик да го ублажи поразот во последните минути од првиот меч во Глазгов и да ги задржи надежите за сензационален резултат.

Откако Мајкл Олисех и Хари Кејн направија 2:0 се чинеше дека Баерн лесно ќе победи во Шкотска.

Сепак, во последните 12 минути Селтик искористи една од своите ретки можности и преку Дајзен Маеда го намали резултатот и си ги зголеми шансите за осминафинале во Минхен.

Милан и Феенорд дуелот ќе го започнат во 18.45 часот, останатите три натпревари ќе започнат во 21 часот.

Scroll to Top