Милан и Барселона успешно ги завршиле преговорите околу Жан-Клер Тодибо. Барселона се согласиле играчот кој денес наполни 20 години во преодниот рок да се пресели во Милано.
Паоло Малдини и Звонимир Бобан со колегите од Барселона се договориле Тодибо да го донесат на позајмица, а доколку ги исполни условите од договорот, односно доколку настапи на доволен број натпревари, тогаш Милан во јуни ќе го откупат неговиот договор за 20 милиони евра.
За да биде трансферот реализран се чека само согласноста на младиот фудбалер.
Тодибо ги воодушевил челниците на Милан со својот настап на мечот од Лигата на шампионите во која Барселона, во Милано го победи Интер со 2:1.
Малдини и Бобан биле убедени дека младиот Тодибо во пар со капитенот Алесио Ромањоли ќе биде решение за проблемите што Милан ги имаат во дефанзивата. На досегашните 18 натпревари Милан примиле 24 гола.