Фудбалските клубови Милан и Интер доставиле проект за изградба на нов стадион до градската влада на Милано.
Овој потег претставува огромен чекор во долгорочниот процес на изградба на нов стадион, кој исто така треба да биде лоциран во областа Сан Сиро или во околината.
Градоначалникот на Милан, Џузепе Сала, за медиумите изјави дека очекува клубовите да достават понуда и економски план.
„Законот бара од нас да спроведеме јавен предлог, но апсолутно е јасно дека тој ќе биде фокусиран на област наменета за фудбал. После тоа може да почнат преговори“, изјави Сала.
Новиот стадион ќе има капацитет од околу 71.500 седишта, од кои 13.000 во корпоративната зона, а инвестицијата ќе надмине милијарда евра.
Изградбата треба да започне во 2027 година и да биде завршена во 2030 година. Новиот стадион ќе се гради на местото на сегашните паркинзи зад западниот сектор на култниот тадион „Џузепе Меаца или Сан Сиро“, а благодарение на новиот стадион клубовите треба да ги зголемат годишните приходи за 130 милиони евра.
Сегашниот стадион, кој е изграден во 1925 година со капацитет од 80.018 седишта, ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година, а ќе почне постепено да се демонтира дури откако ќе заврши изградбата на новиот.