Top Sport

Милан и Интер ќе го откупат „Сан Сиро“ за следните 99 години

И покрај најавите на двата клуба дека сакаат сопствени стадиони, Интер и Милан работат на заедничко изнајмување на легендарниот стадион „Сан Сиро“ во следните 99 години.

Стадионот е во сопственост на градскиот совет на Милано, а двата клуба го изнајмуваат за своите мечеви и настани. „Росонерите“ планираа изградба на сопствен стадион под водство на поранешниот претседател Силвио Берлускони, но тие планови „пропаднаа“. Ова ги налути луѓето од Интер, кои имаа намера да го откупат „Стадио Џузепе Меаца“ и да го реновираат.

Сега, „Газета дело спорт“ објавува дека има повторно обновување на односите меѓу двата клуба и дека во наредните неколку недели ќе се договорат со градот за изнајмување на стадионот, со што двата клуба практично ќе станат сопственици на стадионот.

Минатиот месец, Милан и Интер се согласија за план за реновирање од 15 милиони евра, со кој ќе се сменат седиштата на стадионот, ќе се зголеми просторот за реклами и ќе се изгради нов музеј на стадионот.

Scroll to Top