Џеси Лингард најверојатно ќе игра во Серија А следната сезона, откако човекот кој произлезе од академијата на Манчестер јунајтед го привршува својот престој на „Олд Трафорд“, тврди „ЕСПН“, посочувајќи ги Милан и Јувентус како најверојатни опции.
Вечерва, тој би требало да го одигра последниот меч пред фановите, по што ќе стави крај на 20-годишната соработка со Јунајтед во која имаше над 200 настапи за сениорскиот тим.
Милан и Јувентус подолго време се заинтересирани за 29-годишниот Англичанец, иако постои интерес и од клубови во Премиерлигата.