Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди во завршувањето на оваа сезона би можел да се врати во Серија А. Тој е незадоволен од својот статус и веќе најавил дека сака да си замине.
ПСЖ е подготвен да го продаде Аргентинецот, а интерес за него покажуваат Милан и Наполи.
Златан Ибрахимовиќ најверојатно ја игра последната сезона во кариерата, па Милан почна да бара негов наследник. Тренерот Стефано Пиоли верува дека Икарди идеално би се вклопил во неговиот стил на игра, Аргентинецот доволно добро ги познава и лигата и Милано.
Наполи ова лето можеби ќе го продаде Осимен, а Маури Икарди би бил добро решение за навалната линија во составот на Лучијано Спалети.