Top Sport

Милан им го даде Локатели на Сасуоло

Сасуоло и официјално потпиша договор со италијанскиот репрезентативец до 21 година, Мануел Локатели од Милан, првично како позајмен фудбалер, а со задолжителна опција за купување следното лето.

Сасуоло ќе платат 2 милиони евра за позајмицата, по што ќе дадат 10 милиони евра плус 2 милиони евра во бонуси следното лето. „Росонерите“ не успеаја да вметнат опција за враќање на 20-годишниот Локатели, кој долго време беше сметан за еден од најталентираните млади италијански фудбалери.

Локатели имаше 63 настапи за Милан, постигнувајќи два гола и една асистенција, но минатата сезона добиваше малку место во стартнито тим на Милан.

Scroll to Top