Top Sport

Дончиќ во потрага по ќебапчиња

Најновата НБА ѕвезда, Лука Дончиќ признава дека му недостасува балканската исхрана по потпишувањето за Далас маверикс.

Словенецот со српско потекло, на Инстаграм се пожали дека му недостасуваат ќебапчињата по трансферот од Реал Мадрид.

„Она кога бараш ќебапи, но забораваш дека си во Америка“, напиша Дончиќ на Инстаграм.

Сега треба да побара некој балкански ресторан во Тексас. Сигурно има некој.

Scroll to Top