Милан сака до крајот на преодниот рок да доведе засилување во нападот на тимот, фудбалер кој ќе делува веднаш зад Пјонтек и Леао.
Долго траат преговорите со Атлетико за Анхел Кореа. Заглавени се околу финансиите. Атлетико бара 55, Милан дава 45 милиони евра.
„Росонерите“, според информациите, имаат план Б, тоа е хрватскиот напаѓач од Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ. Неговата цена се движи околу 4 милиони евра.
Поранешниот европски шампион предводен од Звонимир Бобан и Паоло Малдини не остава ништо на случајноста, па има и евентуален план Ц. Се работи за младиот шпански репрезентативец, Дани Олмо кој е „прва виолина“ во Динамо Загреб.
Хрватските медиуми пишуваат дека „Росонерите“ подолго време го следат 21-годишниот фудбалер, а италијанските медиуми пишуваат дека Динамо ќе се сложи да го продаде играчот во Милан за 30 милиони евра.
Екс-хрватскиот фудбалер, Бован наводно минатата недела бил во Загреб, па останува прашањето дали станало збор и за трансфер на Олмо во Милано.
И англиски клубови се интересираа за Шпанецот, но таму преодниот рок е завршен, па Милан има поголеми шанси за ангажман на одличниот фудбалер.