Top Sport

Видал си оди од Барса, Интер го чека на „Меаца“?

Уште еден фудбалер со звучно име наскоро би можел да заигра во Серија А.

Минатото лето милански Интер покажа интерес да го доведе во своите редови чилеанскиот фудбалер Артуро Видал, но Барселона беше поконкретна.

Сепак, искусниот играч од средниот ред е блиску до заминување од Каталонија.

Тренерот на Барса, Ернесто Валверде нагласи дека Фелипе Кутињо и Артуро Видал ќе мора „добро да се испотат“ за да си го вратат првотимскиот статус, а не е исклучена и нивна продажба.

Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте дал зелено светло за доведување на Видал на „Џузепе Меаца“.

Scroll to Top