Фудбалскиот клуб Милан, поради кршење на финансискиот фер-плеј, нема да учествува во Лига Европа во сезоната 2019/2020.
Судот за арбитража во спортот (ЦАС), чие седиште е во Лозана, донесе одлука да го исфрли Милан од Лига Европа, откако претходно клубот постигнал договор со УЕФА околу финансискиот фер-плеј.
„ЦАС издаде потврда за согласност со која се прифаќа договорот постигнат помеѓу Милан и УЕФА, а кој е поврзан со кршењето на финансискиот фер-плеј од страна на италијанскиот клуб“, се наведува во соопштението на судот.
Милан е исклучен од Лига Европа поради лошото работење во периодот од 2015 до 2018 година.
Новонастаната ситуација значи дека Рома избори пласман во групите во Лига Европа, а во квалификациите за ова натпреварување се пласира Торино.