Top Sport

Милан „издржа“ на гости кај Тотенхем за четврт-финале

Милан успеа да ја заддржи предноста од 1:0 од првиот меч за да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите, одигрувајќи 0:0 на гости кај Тотенхем на стариот познаник Антонио Конте.

Во израмнет меч, Тотенхем едноставно не направија доволно шанси пред голот на внимателните „росонери“ за да осигураат пласман меѓу осумте најдобри европски екипи. Сите надежи дека во финишот на мечот ќе се стигне до гол беа уништени во 77. минута, кога Кристијан Ромеро доби втор жолт картон и ги остави Спарс со играч помалку во ситуација во која тие бркаа гол.

Додека за Тотенхем ова е ново европско разочарување, за Милан, актуелните италијански шампиони, ова е одличен успех посебно по потпросечната сезона во Серија А.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top