Top Sport

Милан ја купува ѕвездата на Манчестер Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, е новата цел на раководството на италијанскиот калчолигаш Милан. „Росонерите“ се на чекор во освојување на титулата во Серија А и сакаат сериозно да се засилат за следниот настап во Лигата на шампионите.

Златан Ибрахимовиќ е пред одлука за пензионирање, а Оливие Жиру треба да има многу поголема поддршка во нападот. Тому затоа Паоло Малдини ќе се обиде да го доведе напаѓачот на Манчестер Сити. За него интерес покажуваат и Јувентус и Арсенал, но Малдини ќе се обиде да го убеди во проектот на Милан.

Со најавеното доаѓање на Ерлинг Халанд, јасно е дека Бразилецот би имал многу помала минутажа следната сезона.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');