Top Sport

Милан ја продолжи соработката со Пиоли до 2022 година

По синоќешната победа на Милан кај Сасуоло, седма во деветте меча по рестартот на сезоната (и две нерешени) клубот од „Сан Сиро“ реши да му го продолжи договорот на тренерот Стефано Пиоли на уште 2 години, до летото 2022 година.

„Милан објавува дека со Стефано Пиоли се договори на двегодишно продолжување на договорот кој сега ќе истече во јуни 2022 година“ објавија „Росонерите“.


Извршниот директор на клубот од Милано, Иван Газидис објасни дека Пиоли покажа дека може да ги исполни неговите визии за клубот.

„Оваа одлука не се темели на неодамнешните успеси туку на духот во екипата и единството кое Пиоли го изгради, на начинот на кој ја прифати нашата визија и како се преставуваше себе си и клупските вредности“ – рече Газидис.

По победата во Реџо Емилија, и Пиоли имаше свој коментар.

„Среќен сум и горд на довербата. Сакам да им се заблагодарам на сите, вклучувајќи ги и навивачите кои ни недостасуваат на стадионот. Нашата иднина е веќе денеска, мораме да сме фокусирани, одлучни, обединети. На почеток сме на неверојатен пат“ рече Пиоли.

Scroll to Top