Top Sport

Милан ќе го позајми Јовиќ во Локомотив Москва

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ ќе го напушти Милан во јануарскиот преоден рок. Фудбалерот за чии трансфер Реал пред неколку години здвои 60 милиони евра, не успа да му се наметне на Стефано Пиоли.

Јовиќ, во последните часови од летниот преоден рок од Фиорентина, која се откажа од неговите услуги, пристигна во Милан. Се надеваше дека во Милан ќе се врати во форма, меѓутоа не успеа да ги искористи шансите што ги доби од Пиоли.

Поради лошата форма тој отпадна и од репрезентацијата на Србија.

Според руските медиуми пишуваат дека српскиот напаѓач сериозен интерес покажале челниците на Локомотив Москва. Нивниот план е да го позајмат Јовиќ од Милан до крајот на сезоната.

Клубот од главниот град на Русија во моментов по 15 кола се наоѓа на седмото место на табелата со 24 бодови.

Scroll to Top