Италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“ тврди дека УЕФА остро ќе го казни Милан со фантастични 30 милиони евра и со исфрлање од Лигата на Европа веќе во понеделник.
Спортскиот весник објаснува дека ова е казната за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП) на УЕФА и нестабилната финансиска ситуација на еднаш славниот европски гигант.
Претседателот на клубот, Јонгхонг Ли е во потрага на економски партнери кои ќе му помогнат да се покријат трошоците, откако не успеа да најде 32 милиони евра и може да ја загуби контролата на клубот кој го купи од поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони. УЕФА е свесна за преговорите со новите партнери, но нема да биде попустлива.
Во исто време според „Калчомеркато“, постои голем интерес на американските инвеститори за откуп на клубот. Ли потроши 150 милиони евра на нови играчи минатото лето, но тие завршија само на шестото место во Серија А, и го отпуштија Винченцо Монтела во ноември.
Семејството Рикетс, кое позајми пари за купувањето на Милан од страна на кинескиот конзорциум е подготвено да ја преземе контролата на клубот, но сега се појавува и друг американски партнер, кој веќе контактирал со спортскиот директор на клубот, Марко Фасоне преку банката „Голдман Сакс“.
Фото: ЕПА