Top Sport

Милан ќе го откупуваат Ребиќ од Ајнтрахт

Директорот на Ајнтрахт Франкфурт, Бруно Хубнер вели дека Милан може да ги „одвои“ договорите на Анте Ребиќ и Андре Силва, со што хрватскиот напаѓач ќе може да остане на „Сан Сиро“.

Двајцата напаѓачи ги сменија клубовите на позајмица на две сезони на последниот ден од летниот преоден рок, и откако прво Хрватот не успеа да направи впечаток во новиот клуб, менувањето на тактиката на почетокот на 2020 придонесе тој да постигне пет гола во пет меча во Серија А и Милан сакаат постојан договор.

„Трансферот беше направен во последните моменти пред крајот на преодниот рок и не можевме да се договориме за опции за купување и бројки. На почетокот договорот беше поврзан, но сега можеме да ги разделиме“, вели Хубнер за „Кикер“.

Андре Силва исто така добро се снаоѓа во Франкфурт, постигнувајќи 5 гола и 2 асистенции во 19 меча.

Scroll to Top