Top Sport

Корнелиус му вети дека ќе му плати пиво на навивачот (видео)

Напаѓачот на Парма, Андреас Корнелиус со посебна видео порака се обрати до навивачот кој настрада на трибините при 1:0 победата над Сасуоло, ветувајќи дека ќе му го врати пивото.

Инцидентот се случи при загревањето за мечот на „Мапеи“, кога Данецот шутна една топка, која го погоди несреќниот навивач на Парма директно во пивото, по што тој клекна за да се напие.

„Здраво, ова е за личноста која ја погодив против Сасуоло. Прво, се извинувам, второ секако ќе го платам пивото. Ќе се сретнеме некаде, ќе одиме на пијачка. Јас секако ќе пијам сок од јаболка, а ти можеш на мир да ги испиеш пивото“, вели Корнелиус.

Scroll to Top