Top Sport

Милан, конечно, победи и се врати на првото место во Серија А

Милан стигна до 2:0 победа над Џенова за првпат по две ремија без голови да освои три поени и за да се врати на првото место во Серија А пред своите градски ривали, Интер.

Рафаел Леао уште во 11. минута постигна убав гол по асистенцијата на Пјер Калулу за да се „скрши“ отпорот на Џенова, за „росонерите“ до крајот да го заддржат водството, пред Жуниор Месијас во 87. минута од мечот по една мешаница пред голот на гостите да го погоди голот за потврда на триумфот.

Милан сега има 71 поен на врвот на табелата со 33 одиграни мечеви, пред Интер со 32 меча и 69 поени на второто место, и пет поени пред Наполи, исто така со 32 одиграни мечеви. За Џенова пак, ова е трет пораз во низа за да останат на претпоследното место на табелата со 22 поени, три поени од безбедната зона во Серија А.

Scroll to Top