Top Sport

Милан му го продолжи договорот на Томори

Актуелниот италијански шампион Милан заврши уште една важна работа во овој преоден рок. Тој го продолжи договорот со стоперот Фикаи Томори.

Во јануари 2021 година, Томори дојде во Милан за да ја оживее кариерата, но и да донесе стабилност на Милан во одбраната. По само шест месеци Милан го откупи од Челси неговиот договор.

Една година подоцна, тој потпиша нов петгодишен договор, што јасно покажа колку е ценет неговиот значаен придонес во освојувањето на скудетото, прво по 11 години. Томори потпиша нов договор според кој ќе инкасира 1.800.000 евра годишно.

Scroll to Top