Натпреварите во А, Б, Ц и Д групите, вечерва ќе го комплетираат првото коло во Лигата на шампионите. Во фокусот ќе бидат екипите од Милано, Милан гостува на „Енфилд“ кај Ливерпул, додека Интер ќе го пречека Реал Мадрид.
Милан по осум сезони се вратија во Лигата на шампионите. Клубот кој има седум титули во Лигата на шампионите, ќе гостува кај Ливерпул, клуб против кого ја освои последната европска круна. Милан сезоната ја започна со три победи во Серија А, Ливерпул има три победи и реми во првите четири рунди во Премиер лигата. На ова тешко гостување, Милан ќе биде без најголемата ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ.
Шампионот на Италија, Интер, ќе го пречека Реал. Овие два тима и минатата сезона беа во иста група во ЛШ. Минатата сезона, Интер не успеа да ја мине фазата по групи, клучен за нив беше поразот во Мадрид.
Покрај овие два натпревари, јавноста внимателно ќе го следи и дуелот во Бриж. Домаќинот ќе го пречека ПСЖ. Најавите се дека, прв пат сезонава од почетокот Нејмар, Меси и Мбапе ќе го предводат нападот на ПСЖ.
Група А:
21.00 Клуб Бриж-ПСЖ
21.00 Манчестер сити-Лајпциг
Група Б:
21.00: Ливерпул-Милан
21.00 Атлетико Мадрид-Порто
Група Ц:
18.45: Бешикташ-Борусија Дортмунд
21.00: Спортинг Лисабон-Ајакс
Група Д:
18.45: Шериф-Шахтјор
21.00: Интер-Реал Мадрид