Милан се повлекол од преговорите со Душан Влаховиќ, тврдат италијанските медиуми, откако во клубот решиле да се насочат кон напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд.
Манчестер јЈунајтед побарале 40 милиони евра за неговиот трансфер, но поради сè поизвесното доаѓање на Бенјамин Шешко во редовите на „ѓаволите“, се чини дека Англичаните се подготвени да ја намалат цената.
Милан наводно прво би го позајмил Хојлунд со опција да го откупи на крајот од сезоната. Покрај тоа, Данецот би прифатил плата од шест милиони евра, што е два пати помалку од сумата што ја бара Влаховиќ.
Затоа Милан одлучи да ги прекине преговорите со Јувентус и да се фокусира на доведување на Хојлунд. Данецот нема да има ништо против да се врати во Италија, бидејќи пред Јунајтед играше за Аталанта.