Top Sport

Милан на шопинг во Валенсија

Нов член на Росонерите би требало да биде американскиот репрезентативец Јунус Муса.

Како што стојат работите, Милан ќе го ангажира Јунус Муса (20), играчот од средниот ред на Валенсија.

Според вестите од Пиринејскиот полуостров, Милан ќе одвои 20 милиони евра обештетување за американскиот репрезентативец.

Муса ќе биде седмото засилување на Милан оваа година.

Репрезентативецот на САД го носеше дресот на Валенсија од 2019 година, одигра 94 натпревари и постигна два гола.

Scroll to Top