Top Sport

Милан не го дава врвот – драматична победа над Лацио во 92. минута

Милан успеа да го заддржи првото место во Серија А за 2020, откако Тео Ернандез во 92. минута постигна гол за драматична 3:2 победа во дербито на 14-тото коло против Лацио и покрај тоа што по првите 18 минути игра имаа 2:0 водство.

Џенова на Горан Пандев, конечно, стигна до победа, од 2:1 кај Специја во првиот меч по враќањето на тренерот Давиде Балардини во тимот. Рома се врати за 3:1 победа над Каљари, Болоња исто така извлече 2:2 реми со Аталанта иако губеше со 0:2, додека Наполи во 93. минута спасија 1:1 реми со Торино.

На „Сан Сиро“, откако прво тифозите пред стадионот со факли им посакаа среќа во последниот меч во 2020, имаше атомски старт – Анте Ребиќ во 10-тата минута и Хакан Чалханоглу во 17-тата минута постигнаа голови за 2:0 водство. Меѓутоа, Лацио прво се врати со голот на Луис Алберто во 28. минута откако Чиро Имобиле утна пенал, пред Имобиле да го постигне 12-тиот гол во 13 меча во 59. минута за израмнување. Спасител, повторно беше Тео Ернандез, откако Французинот се покажа како еден од најдобрите играчи на „росонерите“ оваа сезона, со гол во 92. минута.

Со овие резултати, Милан останува прв со 34 поени, еден пред Интер, додека на третото место Рома има 27 поени. Наполи се само петти со 25 поени, додека шампионот Јувентус е шести со 24 поени.

СЕРИЈА А, 14.КОЛО

Милан – Лацио 2:2

Рома – Каљари 3:2

Болоња – Аталанта 2:2

Наполи – Торино 1:1

Сампдорија – Сасуоло 2:3

Специја – Џенова 1:2

Удинезе – Беневенто 0:2

Scroll to Top