Леонардо, новиот спортски директор на Милан, потврдил дека капитенот Леонардо Бонучи побарал ова лето да се врати во Јувентус. Италијанскиот репрезентативец, минатото лето за 42 милиони евра стана играч на Милан.
Леонардо потврдил дека не е само Јувентус заинтересиран за услугите на Бонучи, туку дека до клубот пристигнале уште неколку понуди.
„Имав состаноци со претставници на неколку клубови, меѓу нив беше и Јувентус на инсистирање на фудбалерот. Доколку постигнеме договор што ќе биде добар за двете страни тогаш ние ќе сториме се за да му ја исполниме желбата“, рекол Леонардо.
Бонучи, од 2010 година до минатото лето го носеше дресот на Јувентус. Со „старата дама“ шест пати ја освои Серија А, а по три пати триумфираше во Купот и Суперкупот на Италија.
Кариерата ја започнал во Витербезе, а играл и во Интер, Тревизо, Пиза, Џенова и Бари.