Челниците на Милан не се откажуваат намерите, во екипата да го донесат Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) од Лацио. Се шпекулираше дека минатото лето Милан понудиле 80 милиони евра за српскиот репрезентативец. Оваа понуда била одбиена од претседателот на Лацио Клаудио Лотито.
Италијанските медиуми пишуваат дека Милан ова лето има шанси да го донесе СМС, дури и ако конкурент им биде Реал Мадрид.
Медиумите пишуваат дека двата клуба би можеле да направат размена на фудбалери. Лацио би го испратиле СМС во Милано, за одредена сума на пари и Патри Кутроне.
Младиот напаѓач играше добро во првиот дел од сезоната, но го загуби местото во тимот на Милан со доаѓањето на Кшиштоф Пјонтек.