Top Sport

Извлечени групите за СП во Кина, тешка задача за Литванија и Грција

Денес во кинескиот град Шенжен беа извлечени групите за Светското првенство во кошарка, што ќе се одржи во Кина. На СП ќе учествуваат 32 репрезентации кои се поделени во осум групи.

Коби Брајант, амбасадорот на Мундо баскетот, ги извлекуваше групите. Најинтересни се групите Ф (Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора) и Х (Канада, Сенегал, Литванија, Австралија).

Домаќинот Кина доби лесна група со Венецуела, Брегот на Слонова коска и Полска.

По две најдобри селекции од секоја група, ќе ја минат првата фаза, а потоа ќе бидат формирани нови четири групи од кои првите две ќе продолжат во четврт-финалето.

Мундо баскет 2019:

Група А: Брегот на Слонова Коска, Венецуела, Полска, Кина
Група Б: Русија, Аргентина, Кореа, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија

Мундо баскетот ќе се одржи од 31 август до 15 септември, а титулата ја брани селекцијата на САД.

Scroll to Top