Фудбалскиот директор на Милан, Фредерик Масара веќе е во Барселона, каде што „росонерите“ ги прават последните подготовки за договор со Барселона за трансферот на Жан-Клер Тодибо.
Каталонскиот тим не сака да го загуби 20-годишниот централен бек, но би дозволиле тој да замине на позајмица без опција за продажба. Тодибо пристигна од Тулуз минатата година за само 1 милион евра, но не добива многу шанси на „Ноу Камп“ со само два настапи во Ла лига и еден во Лигата на шампионите.
Според „Скај спорт Италија“, Масара бил на вечера со фудбалерот во обид да го убеди да ги прифати личните услови за позајмица до крајот на сезоната.