Top Sport

Браќата Карачиќ вторпат еден против друг, мајката се моли да не се повредат

Браќата Игор и Иван Карачиќ денеска вторпат во нивната кариера ќе играат еден против друг, откако ракометните репрезентации на Хрватска и Босна и Херцеговина ќе се сретнат во пријателски меч како дел од турнирот во Пореч.

Легендата на Вардар, Игор Карачиќ е репрезентативец на Хрватска иако е роден во Босна и Херцеговина, додека неговиот брат Иван реши да настаспува за БиХ. Тие имаат уште еден брат, најмладиот Горан Карачиќ, кој е фудбалски голман и настапува за турскиот Аданаспор. Првиот меѓусебен дуел се случи на СП во Катар во 2015, кога Хрватска победи со 28:21.

Нивниот татко Анте Карачиќ вели дека тој е подготвен да гледа „добар фајт“, но признава дека неговата сопруга секогаш се „тресе“.

„Сопругата секогаш се плаши од повреди, се моли двајцата да излезат здрави и да не одат еден на друг, но јас сакам поостра игра“, вели Анте Карачиќ.

Игор Карачиќ пак, вели дека нема ништо чудно во тоа што двајца браќа играат за различни репрезентации.

„Првпат кога игравме беше малку чудно, но сега веќе не е така. Професионалци сме и се однесуваме така на теренот. Родителите, нормално се плашат од повреди“, вели Игор.

Scroll to Top