Директорите на Милан се на „гости“ во Нион за да преговараат со УЕФА околу ситуацијата со финансискиот ферплеј (ФФП) за да избегнат казни, тврдат италијанските медиуми.
Состанокот помеѓу Милан и УЕФА бил закажан за пред две години, кога американската компанија „Елиот менаџмент“ го презеде клубот од кинескиот газда Јонгхонг Ли, но беше одложуван поради коронавирусот.
Директорите на клубот, Иван Газидис и Џорџо Фурлани, како претставник на „Елиот“ ќе се сретнат со луѓето од ЦФЦБ, одделот за финансиска контрола на УЕФА, по што ќе се направи одлука за можната казна.
Милан добија европска суспензија во 2019 година поради финансиските нерегуларности од 2014 до 2017, но според „Спортмедијасет“, во УЕФА сега се задоволни од начинот на работа на водството на клубот и сметаат дека има модел на оддржливост, иако резултатите уште не се во согласност со ФФП.
Fair Play Finanziario: il #Milan è a Nyon per evitare nuove sanzioni dalla #Uefa. #SportMediaset https://t.co/YfgEO5hJUF. pic.twitter.com/6vpQO9BaTe
— SportMediaset.it (@sportmediaset) March 11, 2022