Top Sport

Милан преговараат за Австриецот Калајџиќ

Милан ги почнале преговорите со агентите на австрискиот напаѓач Саша Калајџиќ, кого имавме шанса да го гледаме против македонската репрезентација на ЕУРО 2020.

23-годишниот Калајџиќ има три гола во осум настапи за Австрија, додека минатата сезона за Штутгарт имаше 17 гола и 6 асистенции во 36 натпревари. Според „Калчомеркато“, Милан ги повикал неговите претставници во Миланело на разговори, и сметаат на Кајалџиќ како на замена за Оливие Жиру, кого сакаа да го донесат како слободен агент, но Челси го продолжи неговиот договор на една година.

Калајџиќ премина во Штутгарт од Адмира Вакер во 2019 година за 1.75 милиони евра.

Scroll to Top