Top Sport

Чеченскиот лидер Кадиров: Медиумите сакаат да ме скараат со Хабиб

Чеченскиот лидер и огромен ММА навивач, Рамзан Кадиров вели дека не постои конфликт со УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов, откако токму неговите коментари за Дагестанецот ги разгореа страстите меѓу дагестанските и чеченските соседи на Кавказот.

Во едно интервју неодамна, Кадиров изјави дека Нурмагомедов е „проект на УФЦ“ и дека му е страв да се обиде со ММА фајтери од неговиот клуб во Чеченија, по што во дискусијата се вмеша и Хамзат Чимаев, шведскиот УФЦ фајтер со чеченско потекло.. Сега, Кадиров вели дека братучедите на Нурмагомедов помогнале на неговиот ММА клуб „Ахмат“.

„Нема никакви проблеми со Хабиб. Многу медиуми и блогери ќе немаа за што да зборуваат доколку јас него споменев Хабиб. Не можам да кажам ништо лошо за него. Чимаев можеби е посилен од него во моментов, бидејќи Хабиб си замина од спортот. Едно време, Нурмагомедов беше најдобриот, но ги оствари целите и си замина. Сега сака да помага на младите фајтери и има сопствен бизнис“, вели Кадиров.

Хабиб им одговори на Чеченците: Никогаш не сум очекувал ништо од нив

Scroll to Top