Top Sport

Милан работи на трансферот на Џек Грилиш

Милан има можност следното лето да направи сензационален трансфер, еден од најголемите во клупската историја, пишува „Калчомеркато“. Истиот медиум пренесува дека Милан ќе биде многу активен и во зимскиот преоден рок. Тимот од „Сан Сиро“, во Серија А има осум поени помалку од лидерот Наполи.

Спортскиот директор, Паоло Малдини, има план во летниот преоден рок да го донесе во Милано Џек Грилиш (27), ѕвезда на Манчестер сити и најскапиот играч во историјата на Премиер лигата. Сити на Астон Вила за Грилиш и плати 117.500.000 фунти.

Во Милан пресметале дека Грилиш би бил иделана замена за Португалецот Рафаел Леао. 23.годиниот фудбалер одби да потпише нов договор, поради што Милан ќе го продаде во летниот преоден рок.

Парите од неговиот трансфер, клубот би ги инвестирал во Грилиш. Прашање е само дали Сити има намера да го пушти англискиот репрезентативец и дали Грилиш воопшто сака да игра во Серија А.

Scroll to Top