Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски со својот тим Спартак Трнава успеа да го освои пехарот во Купот на Словачка.
Спартак Трнава во финалето славеше над Слован Братислава со 3:1, по продолженија, и на тој начин го одбрани трофејот во ова натпреварување.
Милан Ристовски влезе во игра во 72. минута од мечот.