Top Sport

Милан рутински со Сасуоло

Милан со победа над Сасуоло 2:0 (1:0) го заклучи 12 коло во италијанската Серија А. Тимот на Винченцо Монтела ја забележа само втората победа на последните пет натпревари, додека Сасуоло ги загуби последните три средби во првенството.

Победата на Милан кај Сасуоло му ја донесоа Ромањоли кој го постигна првиот гол во финишот на првиот дел и Шпанецот Сусо кој погоди во 67 минута.

Милан сега има 19 бода и се наоѓа на седмото место на табелата со 13 бода помалку од лидерот Наполи. Од друга страна пред Сасуоло е тешка сезона, овој тим е 17 на табелата со само шест бода.

Резултати, 12 коло

Аталанта-СПАЛ 1:1
Каљари-Верона 2:1
Киево-Наполи 0:0
Фиорентина-Рома 2:4
Јувентус-Беневенто 2:1
Интер-Торино 1:1
Џенова-Сампдорија 0:2
Болоња-Кротоне 2:3
Сасуоло-Милан 0:2

Scroll to Top