Top Sport

Милан сакаат да го „зацементираат“ договорот со Тео Ернандез

Дефанзивецот на Милан, францускиот репрезентативец – Тео Ернандез има големи шанси да го продолжи договорот со клубот од „Сан Сиро“, тврди новинарот Николо Шира.

Шира кој важи за добар познавач на италијанскиот фудбал, вели дека раководството на клубот од Милано е подготвено да му понуди на 24-годишниот фудбалер договор до летото 2026 година, со годишна плата од 4,5 милиони евра.

Актуелниот договор му истекува во 2024 година, но сега фудбалерот заработува по 1,5 милиони евра годишно.

Сезонава Ернандез одигра 20 натпревари за Милан, со ефект – 2 гола и 5 асистенции.

Scroll to Top