Top Sport

Најскап Шпанец во историјата на Барселона – Феран Торес го потпиша петгодишниот договор

Фудбалскиот клуб Барселона го официјализира трансферот на Феран Торес. Напаѓачот по само 18 месеци го напушти Манчестер сити. Торес потпиша петгодишен договор со Барселона. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 1.000.000.000 евра.

Барселона за трансферот на Торес ќе издвои 55.000.000 евра фиксно, плус 10.000.000 евра доколку играчот ги активира бонусите. Каталонците трансферот на Торес ќе го плаќаа на рати, првата од 13.750.000 евра ќе траба да ја уплатат по завршувањето на сезоната.

Торес стана најскапиот Шпанец во историјата на Барселона. На вечната листа зад него останаа Давид Виља, Сеск Фабрегас, Пако Алкасер и Џерар Лопез. Интересно сите овие играчи, со исклучок на Фабрегас во еден дел од кариерата настапувале за Валенсија.

Торес, во летниот преоден рок во 2020 година, за сума од 23.000.000 евра од Валенсија се пресели во Сити. Доби шанса, но не се снајде најдобро во системот на Пеп Гвардиола. За “граѓаните“ одигра 43 натпревари на кои постигна 16 гола.

Официјалната промоција на Феран Торес во новиот клуб ќе се случи на 3.јануари, во 11 часот.

Scroll to Top