Top Sport

Милан се четвртиот тим со 3.000 мечеви во Серија А

Вечерва на „Сан Сиро“ против Торино, Милан ќе го игра својот 3.000-ти меч во Серија А, како четврти клуб кој стигнал до ваков јубилеј покрај Интер, Рома и Јувентус.

Популарните „Диаволо“ во тие 2.999 меча оствариле 1.457 победи, 879 нерешени реузлтати и 663 порази. Тие се актуелни шампиони на Италија, откако лани ја освоија својата 19-та титула во Италија.

Покрај ова, меѓу трофеите на „росонерите“ се и седум европски титули (со што се втори на вечната листа зад Реал Мадрид), три Интерконтинентални купови, 5 трофеи од Копа Италија, 7 италијански суперкупови, 2 титули од Купот на куп победници, пет УЕФА Суперкупови, еден Митропа куп и две титули од Серија Б од 1980-тите.

Scroll to Top