Top Sport

Сосиедад ја продолжија „традицијата“ – Сорлот како играч на месецот доби риба

Реал Сосиедад ја продолжи својата необична традиција и на својот играч за месец јануари, Норвежанецот Александер Сорлот му поделија риба како награда, слично како што неговиот сонародник Мартин Одегард доби во 2019 година.

27-годишниот Сорлот, кој е во Сосиедад на позајмица од РБ Лајпциг, постигна три гола во седум меча во јануари за тимот на Иманол, искачувајќи го тртото третото место на табелата. Клубот му организираше посета на „Супермеркадос де Пагола“, супермаркет во предградието на Сан Себастијан, каде што навивачите имаа прилика да разговараат со него, пред да ја доби рибата.

Одегард доби риба како награда за играч на месецот

Scroll to Top