Top Sport

Милан се изјаснија за продолжување на сезоната, само три клуба против

Претседателот на Милан, Паоло Скарони потврди дека неговиот клуб ќе гласа за продолжување на сезоната 2019/20 со сите „здравствени и безбедносни мерки“, со што 17 од 20 клубови во Серија А се подготвени да се врати сезоната.

Сите проценки велат дека пандемијата на корона вирусот во Италија го надмина „пикот“ со намалени бројки, откако половина од случаите се ограничени на регионот Ломбардија. „Локаутот“ во Италија истекува на 3 мај и клубовите веќе добија препораки како да продолжат со тестирањето и тренинзите.

Бреша, чиј претседател Масимо Челино беше позитивен на КОВИД-19, и Торино се единствени кои се упорно против продолжувањето на сезоната, а Сампдорија е еден од клубовите кои дава различни сигнали.

Милан досега беа неутрални за ова прашање.

„Продолжувањето на сезоната зависи од развојот на пандемијата и мерките на властите. Милан е фудбалски клуб, и наша главна обврска е да се игра фудбал, така што ако има услови, ние сме за продолжување на сезоната“, изјави Скарони.

Во вторник ќе се оддржи видео-конференција помеѓу клубовите од Серија А, а во среда се очекува одлуката.

Scroll to Top