Top Sport

Милан се концентрираат на Верету и Бенасер

Италијанските медиуми тврдат дека Милан ќе го комплетира својот летен „пазар“ со купување на Раде Круниќ, Жордан Верату и Исмаел Бенасер.

Според „Ла газета дело спорт“, Милан понудиле 13 милиони евра плус Лукас Биља и Диего Лаксалт  за да го добијат Верету од Фиорентина и покрај тоа што се блиску до договор и за Исмаел Бенасер од Емполи.

„Росонерите“ се борат со Рома, кои веќе понудиле 18 милиони евра за Французинот со годишна плата од 3 милиони евра. Фиорентина потврди дека 26-годишниот Верету сака да замине и не се очекува тој да ја почне пред-сезоната со Виола.

Во исто време „Спорт Италија“ тврди дека „росонерите“ се блиску до договор со Алжирецот Бенасер, за кого би платиле 15 милиони евра, и кој би бил втор играч на Емполи со трансфер откако Раде Круниќ веќе ги помина медицинските тестови.

Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло е познат по неговата тактика 4-3-1-2, така што нема да му штети да има повеќе фудбалери од средниот ред.

Scroll to Top