Top Sport

Милан се мотивира со претходните победи над Јуве: МОЖЕМЕ!

Милан на своите социјални мрежи објави мотивациско видео пред вечерашното дерби на гости кај Јувентус, кое може да биде клучно за надежите на „росонерите“, но и на домаќините за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Јувентус и Милан се израмнети на 69 поени на четири меча пред крајот на сезоната, и иако тренерот Стефано Пиоли инистира дека мечот не е „одлучувачки“, во клубот очигледно не мислат така.

Во видеото се покажани дел од претходните победи на Милан над „бјанконерите“ со парола: „МОЖЕМЕ“.

Милан, клуб со седум европски титули, речиси цела деценија нема пласман во Лигата на шампионите – последен пат беа во топ 4 во 2012/13, кога на чело на клубот беше Масимилијано Алегри.

Scroll to Top