Top Sport

Румениге: Германија да побрза ако го сака Ханси Флик

Германската фудбалска федерација (ДФБ) мора да побрза ако го сака Ханси Флик како нов селектор, предупредува Карл-Хајнц Румениге, кој посочува дека тренерот на Баерн Минхен го сакаат повеќе клубови ова лето.

Флик подолго време е посочуван како главен кандидат да го смени Јоаким Лев по Европското првенство, и федерацијата веќе потврди дека разговарала со 56-годишниот Флик, иако уште нема договор. Румениге вели дека Флик, кој вчера ја прослави новата бундеслигашка титула со Баерн, вели дека тие мора да побрзаат.

„Ханси би бил совршен за ДФБ. Можам само да препорачам да ја завршат работата бргу. Ханси е тренер кој многумина го бараат поради неговиот успех. За да нема на крај драма ако тој замине во Европа“, изјави Румениге.

Флик ќе биде заменет на крајот на сезоната од Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг. По вчерашната 6:0 победа над Борусија Менхенгладбах, тој не откри многу за неговата иднина.

„Сакам да продолжам да бидам тренер и да работам со тим кој може да освојува титули, бидејќи тоа е многу забавно. Дали можеби некогаш ќе се вратам во Баерн? Би можел да го замислам тоа. Баерн останува мојот клуб“, вели Флик.

Scroll to Top