Top Sport

Милан се пофалија со Дивок Ориги

Италијанскиот шампион Милан го потврди договорот со Дивок Ориги, откако поранешниот напаѓач на Ливерпул потпиша договор до 2026 година. Ориги пристигнува како слободен играч по крајот на договорот со премиерлигашот, и треба да биде засилување во нападот на „росонерите“ покрај ветеранот Оливие Жиру.

„Милан се пресреќни што можат да го потврдат потписот на Дивок Ориги, кој ќе остане во тимот до 30 јуни 2026 година. Роден во Остенде, Белгија на 18 април 1995 година, Ориги почна со фудбалот со Генк и Лил, пред да дебитира во сениорскиот тим на Лил во 2013. По 16 гола во 86 настапи за Лил, тој се пресели во Ливерпул, со кои имаше 41 голво 175 настапи и освои титули од Премиерлигата, ФА купот и Лигата на шампионите. Дивок има 32 натпревари и три гола за својата репрезентација“, се вели во објавата од Милан.

Scroll to Top