Top Sport

Кирјос пред четврт-финалето на Вимблон во Австралија доби обвинение за физички напад!

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос, е обвинет за физички напад на неговата поранешна девојка Кјара Пасари минатата година, пред неговиот меч од четврт-финалето на Вимблдон против Чилеанецот Кристијан Гарин во среда.

27-годишниот Кирјос е обвинет дека ја нападнал манекенката Пасари и ќе мора да се појави пред австралискиот суд следниот месец, со обвинение кое може да му донесе максимална затворска казна од 2 години.

„Обвинението е сериозно и господинот Кирјос ја сфаќа ситуацијата сериозно. Во овој момент тој нема да коментира“, изјави неговиот адвокат, Џејсон Мофет.

Scroll to Top