Top Sport

Милан се сели од „Сан Сиро“?

Извршиот директор на фудбалскиот клуб Милан – Иван Газидис вели дека изградбата на нов стадион е клучна за успешна иднина на клубот од Милано.

Проектот за изградба на новиот стадион го сподели со навивачите, а Газидис смета дека „изградбата на нов стадион е нужна за најсилната екипа во Италија“.

Поранешниот сопственик на „Росонерите“ – Силвио Берлускони порано изјави дека се противи на рушењето на култниот „Сан Сиро“.

Газидис додава дека разбира оти овој стадион е посебно место, но истакнува дека е потребно да се има храброст, пренесуваат италијанските медиуми.

„Чувствата постојат и не можат да се доведат во прашање. Спомените од стадионот ќе останат засекогаш, никој не може да ги избрише, тоа е невозможно. Имаме се што ни треба – фудбал, луѓе, навивачи. Гледам блескава иднина, само треба да се има храброст. Изградбата на новиот стадион е темелен чекор ако сакаме повторно да бидеме во врвот на светскиот фудбал“ заклучи Газидис.

Инаку, „Сан Сиро“ е изграден во 1926 година, а оттогаш четирипати е реновиран.

На него своите домашни мечеви ги игра и тимот на Интер.

Scroll to Top