Милан е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез.
Раководството на Милан го контактирало уругвајскиот фудбалер и сериозно сака да го засили нападот со квалитетен играч.
Милан е заинтересиран и за Душан Влаховиќ, Арно Калимуенде и Расмус Хојлунд, но Нуњез е прв избор на клубот од Милано.
Уругвајецот одигра 30 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, постигна пет гола и имаше две асистенции.
Ливерпул го доведе напаѓачот Уго Екитике ова лето и се обидува да го доведе Александар Исак од Њукасл, па затоа е подготвен да слушне понуди за Нуњез.
Саудискиот Ал Хилал е исто така заинтересиран за Нуњез, но клубот не испратил официјална понуда.