Top Sport

Милан: Силва не оди никаде

Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели инситира дека напаѓачот Андре Силва останува на „Сан Сиро“ и покрај интересот на повеќе тимови и слабиот старт на кариерата во црвено-црниот дрес.

22-годишниот Силва уште нема постигнато гол во 12 настапи во Серија А по трансферот од 38 милиони евра од Порто минатото лето, но во Лигата на Европа има 8 гола во 10 настапи. За него се заинтересирани премиерлигашите Арсенал и Евертон.

„Знам дека Андре поминува низ тежок период, но тој е важен играч за нас и голема инвестиција. Имаме посебна љубов кон него, така што тој остсанува со нас. Нема да оди никаде во јануари, туку ќе остане кај нас подолго време“, вели Мирабели во интервју за португалскиот „О жого“.

Scroll to Top